Бесплатен софтвер

Почетокот

Се започна од раѓањето на идеата за организација на Фестивал во чест на Ристо Калиников. Преку меѓусебни разговори, нашите желби и визии постојано се зголемуваа, добивавме безброј идеи водени од љубовта кон Нашиот Ристо. Од обичен Фестивал, нашата визија прерасна до Организирање на Традиционален Хуманитарен Фестивал во чест на Ристо Калиников. Фестивал кој секоја година ќе се оддржува со една и единствена цел - ПОДИГАЊЕ НА ХУМАНОСТА ! Нашата желба е да се помогне на оние кои неизмерно им треба нашата помош, на оние кои се во животна опасност и чија последна капка надеж е ХУМАНОСТА !

СРВ Фест 2013

Организацијата на СРВ Фест на сите Нас не исполни со среќа и љубов. Времето поминато Организирајќи го самиот фестивал беше напорно но ги исполнување нашите срца со задоволство. Помислата дека со Фестивалот би им помогнале на многу млади животи како оној што го имаше Ристо. Водени од љубовта кон Ристо и Хуманоста, се роди СРВ Фест ! За ПРВ пат во нашата Општина се организирање ваков настан, со голема посетеност, исполнет со Хумани луѓе. По завршувањето на Првиот "СРВ Фест" на 11.10.2013, решивме да не престанеме овде. Одлучивме Фестивалот да биде само најсветлата точка во нашата Организација, одлучивме да помагаме и да бидеме активни постојано.

Хуманитарно Здружение

По завршувањето на СРВ Фест, започнавме со постапката за основање на Хуманитарно Здружение чија цел ќе биде постојано организирање на Хуманитарни Настани и собирање на Средства за Помош на оние кои имаат најголема потреба. По одреден период и почитување на одредени Правни Правила и Постапки, основано е Хуманитарно Здружение "Ристо Калиников". Сите Настани и Акции на Х.З. Ристо Калиников може да ги погледнете ОВДЕ

Правни Информации

Целосен Назив: Хуманитарно Здружение Ристо Калиников Гевгелија
Правна Форма: СОЦИЈАЛНО ХУМАНИТАРНО ЗДРУЖЕНИЕ
ЕДБ: 4006014509685
Жиро Сметка: 000200002691537368
Депонент: Стопанска Банка а.д. Скопје
Контакт телефон: 078/368-448