Хуманитарна Помош на Д.Ц.Д.П.П

Х.З. Ристо Калиников успешно оствари уште една акција, им пруживме помош на Дневниот Центар за Деца со Посебни Потреби во Гевгелија. Со средствата кои ги собравме од Новогодишниот Хуманитарен Концерт, на дечињата од Дневниот Центар во Гевгелија се потрудивме да им го подобрите секојдневниот живот во Центарот и да ја зголемиме нивната безбедност. Подолу се наоѓа листа на артикли кои им беа доставени на децата од Дневниот Центар во Гевгелија.
Галерија од Акцијата

Назив на артикал
Нови Теписони за 2 простории и за ходник
Надворешна пластична канта за отпадоци
Набавка и Поставување на Систем за Надзор (2 x Безбедносни камери)
Набавка и Поставување на Рефлектор со сензор за движење